На кратко
ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА СТРАНИЦАТА НА НВО ХЕПТА!
Здружението “Асоцијација за здравствена едукација,превенција и подобар третман - ХЕПТА”, е невладино и непрофитно здружение на граѓани во областа на хуманитарното делување, чија цел е чување и унапредување на психофизичкото здравје, социјалното, професионално и семејно функционирање, со развивање на превентивни програми за заштита од крвно и полово преносливи инфекции, со посебен акцент на Заразната жолтица тип Б и Ц.Оформена е во 2006 година, и е прва организација во Република Македонија која за целна група ги има заболените од Хепатитис.
На нашата страница можете да најдете информации за сите видови хепатитис, совети за исхраната и подобар живот на лицата заболени или со прележан хепатитис, како и за мерките на превенција. Се надеваме дека тука ќе ги најдете одговорите на сите Ваши прашања.

НВО ХЕПТА од 2010 година стана член на Светската Алијанса за борба против Хепатитис (World Hepatitis Alliance), со право за гласање.
Сертификатот издаден од Алијансата можете да го погледнете
Тука ...
Новости
Новости...
СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ХЕПАТИТИС - 28 ЈУЛИ

Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, кој што стана официјален ден на СЗО во 2010 година. Датум за одбележување на Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е 28. Јули кој што е избран во чест на Проф. Барух Блумберг кој ја доби нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.
НВО ХЕПТА е горда што и оваа година одбележувањето на овој ден ќе го проследи со низа активности за подигање на свеста кај општата популација од ризиците и последиците кои настануваат од оваа болест.
Погледни повеќе ...
Советувалиште
ВАЖНО Е ДА ГИ СПРЕЧИТЕ И РАНО ОТКРИЕТЕ ХЕПАТИТИСОТ Б И Ц.
Само со рано откривање како и правовремено лекување можеме да го спречиме ширењето и развојот на болеста!
За информации обратете се на телефонскиот број: 02/321 44 60
или на маил: nvohepta@yahoo.com
Годишниот извештај за работата на Асоцијацијата за 2010 година можете да го преземете
тука 
Погледни повеќе ...